Ја убил мајка си за цигара!

Објавено: 20 декември, 2012, во 09:28 часот

Полицијата го расветли случајот со мртвата жена во Неготино и го осомничи синот.

Дваесет и три годишниот син ја убил Н.Н. (69)  од Неготино, која вчера беше пронајдена мртва. Тој на полицијата и признал дека мајка си ја задавил за цигара.

Синот бил посвоен од несреќната старица. И претходно жената го пријавувала синот за семејно насилство.

Последната нивна расправија била поврзана со цигара. По караницата синот ја задавил мајка си и излегол од нејзиниот дом. Но, се вратил по два часа и потоа во полиција пријавил дека ја нашол мртва Н.Н.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.