Ја убил мајка си за цигара!
Објавено на 20 декември, 2012 во 09:28
Полицијата го расветли случајот со мртвата жена во Неготино и го осомничи синот.
Дваесет и три годишниот син ја убил Н.Н. (69) од Неготино, која вчера беше пронајдена мртва. Тој на полицијата и признал дека мајка си ја задавил за цигара.
Синот бил посвоен од несреќната старица. И претходно жената го пријавувала синот за семејно насилство.
Последната нивна расправија била поврзана со цигара. По караницата синот ја задавил мајка си и излегол од нејзиниот дом. Но, се вратил по два часа и потоа во полиција пријавил дека ја нашол мртва Н.Н.
