МВР го обнови возниот парк!
Објавено: 22 декември, 2012, во 19:10 часот
Полицајците ќе возат “Шкода јети“.
Новите 150 полициски возила “Шкода Јети“ денеска се паркираа на паркингот на Министерството за внатрешни работи. Со овие возила ќе се изврши замена на досегашните полициски крајслери, а официјалната промоција е најавена за в понеделник, објави Курир.
Новите возила во употреба ќе бидат пуштени по новогодишните празници откако ќе се изврши технички прием и ќе бидат регистрирани.
