Снег утрово падна во Македонија и не го попречи сообраќајот!

Објавено на 7 јануари, 2013 во 15:11

Сите магистрални и регионални патни правци низ државата се проодни и сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози, соопштија од АМСМ.

 

Во северните и североисточните делови од државата беа забележани снежни врнежи со послаб интензитет. Тоа не го попречи тековно одвивање на сообраќајот.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.

Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.