Наместа влажни коловози со можна голомразица!

Објавено на 9 јануари, 2013 во 08:08

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

 

Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица. 

Од АМСМ препорачуваат поради почеста појава на одрони кои можат да го попречат сообраќајот   внимателно да се управуваат возилата на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.