СДСМ: Локалните избори да ги организира Влада на доверба!
Објавено на 9 јануари, 2013 во 08:25
За новите министри за внатрешни работи, правда и финансии, концензус да постигнат сите релевантни фактори. Партијата, на синоќешниот состанок на Централниот одбор, заклучила дека власта треба да ги вгради сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик а како услов за фер кампања се бара и смена на директорот на јавниот сервис, МРТВ.
Најголемата опозициска партија ќе бара со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори. Од СДСМ повеќе детали околу заклучоците од синоќа најавија за денеска.
