Нимиц дојде во Македонија!
Објавено на 10 јануари, 2013 во 17:59
Медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц, попладнево пристигна во Македонија. Tој се очекува утре да оствари средби со македонскиот државен врв и да презентира одредени идеи за надминување на долгогодишниот спор исто како и вчера во Атина.
Денеска Нимиц беше на прошетка низ Скопје додека утре изутрина официјално ќе се сретне со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Дополнително се очекува да се соопшти на официјалната агендата на средбите на медијаторот Нимиц со македонскиот државен врв поточно со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
Нимиц во Грција се сретна со премиерот Андонис Самарас и со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.
