Сообраќајот се одвива по влажни коловози!

Објавено на 11 јануари, 2013 во 08:05

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива без забрани и ограничувања по наместа влажни коловози поради слабите врнежи од снег кој не се задржува на коловозот.

Поради ниските температури, на мостовите, засеците, во клисурите и на осојничавите места има појава на голомразица. 

Снежни врнежи има на планинскиот премин Стража, но поради слабиот интензитет не претставуваат препрека за тековно одвивање на сообраќајот. 

Од Авто-мото сојузот на Македонија со препорака до возачите за поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возилата. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.