За дел од лекарите платите и натаму болни!
Падна договор меѓу дел од лекарите и Министерството за здравстсво.
Лекарите специјалисти од внатрешноста на земјата се договорија за поголеми плати но, таков договор не беше постигнат со нивните колеги од клинички центар. Во просек за околу 1.600 денари повисоки плати ќе добијат лекарите специјалисти од општите и клинички болници, а на нивните колеги од клиниките ќе им следува покачување откако директорите ќе потпишат колективен договор со клиничкиот синдикат. Корекција на коефициентот за платите за 19,2 отсто, кој ќе се постигне за 15 месеци заклучно со мај 2014 година, е резултат на анексот на колективниот договор во здравството, што по неколкумесечни натегања и штрајкување, Министерството за здравство и Самостојниот синдикат за здравство конечно го потпишаа доцна завчеравечер.
Министерот за здравсто Никола Тодоров рече дека бил постигнат компромис за најголем дел од прашањата кои биле проблематични со плата по успешност, поради што и лекарите штрајкува.
Платите по успешност ќе се пресметуваат квартално, со што три месеци ќе земаат 100 отсто плата, а помала или повисока плата според сработеното ќе се исплаќа четвртиот месец. Прагот за толеранција за пресметка на платата, кој беше од 0,98 до 1 сега е 0,96 до 1,02. Но, казната за лекарите кои се помалку продуктивни остана до 20 отсто од платата.
И покрај постигнатиот договор сепак докторите ќе добијат пониски плати за декември, бидејќи како што рече Тодоров задоцниле со потпишувањето на договорот и наместо во декември истиот се потпишал во јануари.
Покачувањето на платите автоматски не може да важи и за клиниките, бидејќи Министерството за здравство потпишало договор со самостојниот синдикат, а тоа треба да го направи и клиничкиот синдикат со директорите на клиники.
