ДИК ги утврди роковите за изборни дејствија!
Од четврти март започнува изборната кампања, вака одлучи Државната изборна комисија вчера вечер.
Едногласно е усвоен роковникот за извршување на сите изборни дејствија. Роковите почнуваат да течат откако роковниот ќе биде објавен во Службен весник.
ДИК во рок од три дена треба да достави барање до Министерството за информатичко општество за податоци за вработените во државната, во јавната и во администрацијата во општините и градот Скопје, а тој рок завршува до понеделник на полноќ.
До 26 јануари на полноќ ДИК ќе достави барање до опозицијата за членови во избирачките одбори и нивни заменици за што треба да добие одговор до 31 јануари и до 1 февруари да ги формира Избирачките одбори.
Увидот во избирачкиот список во подрачните одделенија и месните канцеларии на ДИК ќе биде можен од 26 јануари до 9 февруари, а списокот ќе биде заклучен на 24 февруари на полноќ. Изборната кампања почнува на 4 март, а завршува на 22 март на полноќ.
