(Обновено) Опозиција: “Не за манупулации и лаги“

Објавено на 12 јануари, 2013 во 13:03

Илјадниците граѓани приврзаници на опозицијата протестираа пред Сител телевизија, тргнаа кон владата, помина покрај Парламентот и завршија пред Македонската телевизија.

Целта на протестот  е да  го изразат незадоволството од  злоупотребата на јавниот сервис во партиски цели како и манипулациите и лагите што ги користи при информирањето.

Опозицијата предупреди дека јавниот сервис ќе мора да го исправи дефектот во информирањето со оглед дека го плаќаат сите граѓани.

Основна цел на маршот за вистината е да пружиме отпор против систематското газење на слободата на медиумите и говорот.   Притоа сакаме и да ги охрабриме новинарите и медиумските работници да се спротивстават на режимските лаги и да ја одбранат честа и угледот на нивната професија“, рекоа од СДСМ.

„Ниту се уморивме ниту волја изгубивме, ниту се уплашивме, ниту се поколебавме, се повеќе не има. Секој ден сме се порешени и убедени дека ова за што се бориме е правилно.Цела Македонија врие, вели, Цела Малкедонија е на нозе, се запали огнот на слободата. Против оваа тиранија и против аздисаноста и криминалот. Денес на сите дури и на оние од власта им е јасно дека колата им тргна надолу и запирање нема.  7 години овој народ трпеше и молчеше, живееше под нивните закани и притисоци, црниот понеделник е најголемиот срам за македоснката демократија но во исто време 24. декември е ден на раѓање на македоснкиот отпор.“ рече лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, на протестот пред МРТВ и нагласи дека власта не добила мандат од народот да тепа новинари и пратеници.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.