ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе одговорат на барањата на Опозицијата!
Објавено на 12 јануари, 2013 во 18:08
Извршниот комитет на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, доцна попладнево, ќе расправа за условите на опозицијата за учество на изборите.
По барањата на здружената опозиција ќе одлучува и Централното претседателство на ДУИ на посебна седница.
Официјално и двете партии од власта најавија дека ќе одговорат на условувањето на Црвенковски онака како што ќе одлучат членовите на партиските органи.
Но, речиси е извесно дека Црвенковски ќе добие негативен одговор, објавија неколку медиуми кој побараа став од политичките партии на власт.
Според ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Владата е легитимна и избрана од народот на предвремени параламентарни избори кои што ги побара опозицијата.
