Слаб снег провејува на Стража, Ѓавато и Пресека!
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози а на некој места има остатоци од кашест снег.
Поради ниските температури можна е појава на голомразица на осојничави места, на мостовите, во клисурите и засеците.
Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека и на патниот правец Тетово-П.Шапка кој во моментов не се задржува на коловоз.
Од Авто мото сојузот на Македонија со препорака до возачите за поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
