Магла на Стража и Попова Шапка!
Објавено на 20 јануари, 2013 во 08:22
Магла ја намали видливоста до сто метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од дожд се бележат во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и Павлешенци.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози.
Поради почеста појава на одрони кои можат да го попречат движењето на возилата, од АМСМ апелираат на поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
