Вељаноски: “Опозицијата да се врати во парламентот“ !
Објавено на 21 јануари, 2013 во 11:12
Повик до опозицијата да се врати во парламентот и да продолжи политичкиот дијалог денеска повторно упати претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
“Претседателот на Собранието на Република Македонија заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи на денешната редовна координативна средба разговараа и за бојкотот на опозицијата на Собранието, при што упатија повик до пратенците од опозицијата да се вратат во Собранието, да го продолжат прекинатиот политички дијалог и да продолжи функционирањето на Собранието во полн состав во интерес на граѓаните на Република Македонија и евроатлантските интегративни процеси, стои во соопштението од Собранието.
