Нов бран со кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ!
Објавено: 21 јануари, 2013, во 12:05 часот
Уште осум нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ денеска познати за јавноста. Во најголем дел се работи за актуелни градоначалници.
За општина Росоман подршка од партијата за уште еден мандат доби актуелниот градоначалник Стојанче Лазов , како што е случај и со кандидатите за Македонска Каменица, Пробиштип, Кратово, Гевгелија, Маврово Ростуше.
Партијата на власт се одлучила со нови имиња да учествува во изборната трка во Вевчани каде е кандидиран Цветомир Угриновски, приватен стопанственик. Во Гостивар за доверба на граѓаните ќе се бори претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Аќимовски.

