ММИ застана на патот на македонската музика?

Објавено на 31 јануари, 2013 во 10:39

Ако министерството за култура не и ја одземе лиценцата на Македонска музичка индустрија (ММИ) националните, регионалните и локалните телевизиски станици во земјава ќе протестират со прекин на програмата, а ќе изготват и ценовник за музиката што се промовира во етер.

Од 1 до 15 февруари “Сител“, “Алсат-М“, “Канал 5 “, “Сител 3“, “Канал 5 плус“, 33 регионални и локални телевизии секоја вечер во 20.13 часот ќе имаат прекин на програмата како протест против актуелната наплата за емитувана домашна музика.

Телевизиите покрај одземање на лиценцата на (ММИ) бараат и итно да почнат измени на Законот за авторските и сродни права, особено во начинот на наплатата за нив. Ако тоа не се случи до 15 февруари, како контрамерка ТВ-куќите ќе истакнат ценовник за музиката што ја промовираат емитувајќи ја на екраните.

“Сите национални телевизии имаат уредни авторски договори со ЗАМП, кои обострано се почитуваат, но сме против ММИ. Таа е единствениот виновник за минимализирањето на македонската музика. Ни бара 1,5 отсто од годишниот профит. Никој во светот нема да прифати да му даде толку пари на некој што нема удел во фирмата и не сноси никаков ризик за нејзиното работење – истакнува Горан Глигоров, маркетинг-директор на „Сител“.

Телевизиите нема да преговараат со ММИ бидејќи не се сметаат за корисници на нејзините услуги.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.