ХРВ загрижени поради насилства врз новинари на Западен Балкан!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 17:40

 

Почитувањето на човековите права во земјите од Западен Балкан не одговара со аспирациите на регионот за европска интеграција, се наведува во денеска објавениот годишен извештај за човековите права за 2013 година на организацијата Хјуман рајтс воч, јави БТА.

 

Во регионот е забележан одреден напредок во судските процеси за воени злосторства.

Сепак, послаб напредок е забележан во однос на намалувањето на дискриминацијата и нападите врз ромското малцинство и изнаоѓањето на решенија за исполнување на барањата на бегалците.

Хјуман рајтс воч изрази загриженост поради регистрирани случаи на насилство против новинари во 2012 година.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.