Протест на Сојузот на иднината денеска во Скопје!

Објавено на 9 февруари, 2013 во 09:48

Опозицискиот Сојуз на иднината најави дека карванот на отпорот ќе го продолжи денеска во Скопје.

 

Ќе започне во 12 часот од три локации во градот, а потоа ќе се спојат пред Владата.

Во исто време, слични карвани ќе има и во поголемите градови низ државата.

„Отпорот на граѓаните е сѐ поголем и поголем. Покрај револтот од укинувањето на демократијата, промоцијата и насилството и одземањето на слободата, граѓаните сѐ помасовно го искажуваат својот револт и од социјалната состојба во која се наоѓаат“ рече Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Според Јовановски протестите се резултат на она што се случи лани на 24 декември во македонското Собрание.

 

 

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.