Започна сезоната за заштита од град!
Управата за хидромтеоролошки работи денеска информира дека започна спроведувањето на активностите за заштита од град на обработливите земјоделски површини со противградобијни ракети.
„Граѓаните кои ќе дојдат во контакт, пронајдат или забележат такви средства и предмети, да не ги допираат и веднаш да ја известат најблиската станица на МВР, Регионалниот центар за управување со кризи или Радарскиот центар “ предупредуваат од УХМР.
Противградобијната ракета спаѓа во групата експлозивни материјали кои по дејствување на градоносните облаци имаат систем на самоуништување при што се распаѓаат на повеќе делови со помали димензии. Постои опасност во некои ракети да изостане или да не биде целосен процесот на самоуништување и во текот на целата година, цели ракети или поголеми парчиња да се најдат на земјата.
