Сончево и топло!
Објавено на 18 април, 2013 во 07:20
Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност.
Кон крајот на денот во крајните југооисточни и северозападни делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите ќе се движат од 12 до 23 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 20 степени.
