Уапсен е Слободан Богоевски!

Објавено на 18 април, 2013 во 07:32

Рано утринава е уапсен Слободан Богоевски, поранешен разузнавач и директор на УБК.

Богоевски е уапсен во Дебар Маало, објави Фактор.

Информацијата за Фактор ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Покрај Богоевски уапсени се или се трага по уште десетина лица.

Деталите и причините за оваа најнова акција на МВР ќе бидат објавени наскоро, но најверојатно станува збор за финансиска измама на странски државјани.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.