СДСМ објави убедлива победа во Центар!
Со предност од околу 3.000 гласа шефот на изборниот штаб на „Сојузот за иднината“ , Игор Ивановски пред малку објави победа на нивниот кандидат Андреј Жерновски. Ивановски нагласи дека победата во Центар била победа на граѓаните.
„Вчера и денеска владата со разни малверзации и трикови прво ги убедуваше граѓаните дека нема избори, а потоа ги саботираше и повторно ги употреби фантомските гласачи од Мала Преспа. Сето тоа им беше бадијала, народот победи и Жерновски е новиот градоначалник на скопската општина Центар“ рече Ивановски.
Благодарност до граѓаните за дадената подрша искажа и новиот градоначалник на Центар, кој го победи Тодоровиќ по трет пат.
„ Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа“ рече Жерновски.
Членовите и симпатизерите на здружената опозиција веќе започнаа да ја слават убедливата победа на Жерновски.