Димовски:ВМРО-ДПМНЕ победи во две општини, СДСМ во Центар!

Објавено на 21 април, 2013 во 20:20

Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција информира дека неговата партија ги освоила Ѓорче Петров и Долнени, СДСМ го освоила Центар, а ДПА –Струга.

„Денешните изборни активности се зад нас. Денес се гласаше во четири општини во Република Македонија: Ѓорче Петров, Центар, Долнени и Струга.

„Со победата во овие две општини, би сакале да сумираме дека конечниот број на општини во кои победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За Подобра Македонија” е точно 58, наспроти само 4 колку што освои СДСМ. Ова е историска победа за ВМРО-ДПМНЕ.  Разликата во гласови на листите за советници помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 115 000 гласови, а разликата во гласови на листите за градоначалници помеѓу нас и СДСМ е повеќе од 140 000 гласови. Тоа јасно говори за подршката и довербата која граѓаните несомнено ја дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За Подобра Македонија”. Тоа за нас е сериозна порака дека мораме да продолжиме со макотрпна и деноноќна работа и со создавање на конкретни дела кои ќе помагаат на граѓаните во нивното секојдневно живеење. Тоа е нашата обврска“ рече Димовски и им се заблагодари на граѓаните кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека освоиле победа  во 58 општини, наспроти 4 на СДСМ.

Ваква убедлива победа на една политичка партија во последните 23 години никогаш не се случила, потенцира Димовски./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.