Од Ѓурѓовден во „державата“ Вевчани ќе се влегува низ порта!

Објавено на 25 април, 2013 во 20:44

И Вевчани наскоро ќе добие своја Порта, пишува порталот „Охрид Њуз“. Привршува изградбата на „Портата Вевчани“ низ која од Ѓурѓовден, вевчанци и гостите ќе влегуваат во „државата“.

Портата ќе биде осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до самото село.

„Портата Вевчани“ која се гради во месноста викана Суво поле, е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“, а близу до манастирот „Св. Спас“ ќе биде подигнат и крст со висина од 25 метри, објави Охрид њуз.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.