Семејствата на македонските бранители се заборавени!

Објавено на 24 јуни, 2013 во 15:38

Денес во меморијалниот центар посветен на УЧК, ќе бидат одликувани семејствата чии борци на ОНА пред 12 години загинаа во Арачиново пренесе, Новатв.мк. За лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, Македонија тогаш изгубила политички, но од македонска страна, владата заборавила на бранителите од Македонија.

„Денеска во меморијалниот центар посветен на УЧК, ќе дојдат сите високи претставници на ДУИ, а воедно ќе се обрати и Али Ахмети. За разлика од односот на поранешните команданти од УЧК кои денес се наоѓаат во ДУИ, од македонска страна, владата не презема никакви мерки“, изјави Ангелов.

За разлика од почитта која албанската страна им ја оддава на своите борци, Ангелов вели, освен неговата партија, никој друг не положил цвеќе пред споменикот на бранителите. 

„Ние како политичка партија нема да дозволиме никогаш ветераните на УЧК да добијат никакви права во Македонија. Дури и државата кога би сакала да им додели само 5 денари, ние тоа нема да го дозволиме, бидејќи со самото тоа им се дава легитимитет на нивната борба. Тие успеаа да ја вратат Македонија 10 години назад, бидеќи државата потроши 1 милјарда евра“, додаде лидерот на Достоинство.

Во поглед на референдумот кој го најави партијата Достоинство, Ангелов рече дека немаат проблеми од меѓународната заедница по тоа прашање. Тој го повика Уставниот суд да го укине членот 28 и да продолжат со иницијативата.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.