Скакулци ги нападнаа нивите на земјоделците во штипско!
Објавено на 25 јуни, 2013 во 16:38
Скакулци од видот „мароканци„ ги нападнаа нивите во пет штипски села.
Им прават штети на тутунот, доматите, пиперките и лозјата.
Скакулците се имуни на препаратите со кои земјоделците ги прскаат нивите во селата Лакавица, Степанци, Лесковица, Суво Грло и Пухче.
Граѓаните бараат помош од министерството за земјоделство за што поскоро уништување на скакулците.
Во писмото што го напишале го информираат министерството дека скакулците целосно ги јадат лисјата на тутунот и ги оставаат само соголените стебла.
Наезда на марокански скакулци во лакавичкиот регион имало пред две децении.
