Молк во Владата за албанското знаме што се вее во Арачиново!

Објавено на 25 јуни, 2013 во 16:50

Албанското знаме кое што од вчера се вее во скопско Арачиново на јарбол од 20 метри и тоа на општински имот нема кој да го тргне иако е противзаконски. Владата молчи а државните институции се прогласија за ненадлежни, пренесе 24 Вести.

Албанското знаме беше поставено вчера близу Меморијалниот центар за жртвите од 2001-та кај Арачиново, на одбележувањето на 24 јуни, датум за кој што од општината изјавија дека била призната ОНА од меѓународните организации.

24 вести го контактираше директорот на државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, кој вели дека не е надлежен за јарболот.

Телевизијата истото образложение го доби и од МВР. Оттаму тврдат дека може да реагират само ако некој побара од нив интервенција, но не кажаа кој?

Во Државниот управен инспекторат никој не беше достапен да одговори дали тие имаат ингеренци околку толкување на законот за знамиња.

И додека институциите си ја префрлаат топкат меѓусебе, од општината децидни –  имало одлука на совет на поставувањето на јарболот и биле испочитувани сите законски прописи.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.