Самарас го одбил Груевски

Објавено на 18 јули, 2013 во 07:18

Грчкиот премиер Андонис Самарас го одбил предлогот на македонскиот премиер Никола Груевски за директни средби на највисоко ниво за да се интензивираат разговорите за надминување на проблемот со името, објави „Дневник“.

Шефот на грчката влада Андонис Самарас во одговорот на писмото што македонскиот премиер Никола Груевски му го испрати пред дваесетина дена напишал дека немало потреба од средби бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволувала Македонија да оди напред, пишува „Дневник“.

Груевски во писмото до Самарас му предложил тимови предводени од премиерите директно да разговараат за решавање на спорот за да се надмине застојот во разговорите за разликите за името и побарал поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на РМ со ЕУ.

Според македонскиот премиер, тоа ќе придонесе за посветла иднина за двете земји и за регионот и ќе ја подобри климата за успешно затворање на проблемот за името.

Разговорите да се одвиваат во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение и Македонија искрено посакува Грција и денес да биде истакнат партнер и поддржувач на државата во започнување на пристапните преговори со Унијата, напишал Груевски во писмото до Самарас.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.