Пахор е подготвен да посредува во проблемот со името на државава

Објавено на 18 јули, 2013 во 07:26

Ситуацијата статус-кво на Македонија во извештајот на ЕУ всушност претставува враќање назад и тоа не е за доброто ниту на Македонија, ниту за регионот, изјави словенечкиот претседател Борут Пахор.

Пахор се понуди да помогне во посредувањето во македонско-грчкиот спор ако претседателот Иванов смета дека тоа е потребно. Словенечкиот претседател смета дека земјава треба да покаже гест со кој ќе ја увери меѓународната заедница дека има иницијатива.

– Јас сум искрен пријател на Македонија, но морам да кажам, тоа е реална политика, дека колку и да се чуствува Македонија оти е во неправедна положба, пред сè, поради најзините стратешки цели мора да се направи некакво гест кој ќе и понуди на меѓународната заедница чувство дека е конкретно и ќе ја присили меѓународната заедница да одговори на тоа, бидејќи ваквиот статус-кво не е добар – рече Пахор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.