Новинарот Кежаровски ќе штрајкува со глад

Објавено на 22 јули, 2013 во 07:56

Новинарот Томислав Кежаровски од денеска ќе започне да штрајкува со глад. Информацијата ја пренесе Нова Тв а ја потврди сопругата на Кежаровски.

Новинарот на Нова Македонија е два месеци во притвор поради наводно објавување на име на заштитен сведок, во текст што во 2008 година го објавил во магазинот „Репортер 92“.

Нему истражен судија по вторпат му го продолжи притворот откако беше уапсен во полициската акција „Ликвидација“. Образложението е дека  „може да влијае на сведоците и на истрагата“ во судскиот случај „нарачано убиство во велешко Ореше“.

Колегите на Кежаровски, Здружението на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми бараат новинарот Кежаровски да биде пуштен и да се брани од слобода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.