ВМРО-ДПМНЕ со повик до СДСМ за активирање на комисијата
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку Илија Димовски, член на Извршниот Комитет а воедно и член на Комисијата која е задолжена да ги расчисти настаните од 24 демекври, ги повика членовите на СДСМ, Љубомир Фрчковски и Рената Тренеска Дескоска, да продолжат со работа идната недела.
„Би сакал да упатам јавна покана и иницијатива до членовите на Комисијата предложени од редот на СДСМ, г. Фрчковски и г-ѓата Тренеска Дескоска, во наредните пет дена, во термин и место кое тие би го посочиле да го продолжиме дијалогот и дискусиите поврзани со процесот на работа на Комисијата, но и со конкретен продолжеток со седници и со одговорна работа на самата Комисија. Не би сакале со неконструктивен и некоректен однос да им даваме аргументи на оние страни кои не и посакуваат добар развој на Република Македонија “, рече Димовски.
