Јанкуловска: “Паско Кузман уапсен по налог на обвинителството“

Објавено на 22 јули, 2013 во 12:28

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денеска изјави дека врз професионалното извршување на работите во МВР немало влијание на политичка одлука.

Во случајот со приведувањето на Паско Кузман, министерството постапило по налог на обвинителството. Јанкуловска нагласи дека ако МВР добиело било каква наредба од обвинителството и судот таа ќе била веднаш спроведена, дури и без да бил информиран министерот или други повисоки државни функционери

 

„ МВР во принцип не ги најавува полициските акции. Постапуваме по наредба на обвинителството, како што беше во конкретниот случај, постапивме веднаш без никакви консултации и информации. Тоа е практика на секое МВР во светот, бидејќи само така ќе бидеме подготвени да одговориме во секој момент кога обвинителството од нас ќе го побара тоа –  изјави Јанкулоска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.