ОБСЕ: „Новиот закон за медиуми може да се злоупотреби и да ја ограничи слободата на говор“!
Претставничката за слобода на медиумите на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ го поздрави обидот на владата да го усогласи законот за медимуи со меѓународните стандарди, но рече дека во него останале многу проблематични одредби.
За ОБСЕ проблематично е следното: моќната улога на Агенцијата за медиуми и начинот на избор не гарантира независност, казните во законот се превисоки и нивната непропорционалност може да доведат до самоцензура, нејасни се одредбите околу прашањата за националната безбедност, поттикнување нетолеранција или омраза и може да се злоупотребат , нема потреба да се дефинира кој е новинар со закон, инсистирањето на терминот „мнозинска новинарска асоцијација“ може да поттикне тензии меѓу асоцијациите, особено поради тврдењата за притисок врз новинарите за приклучување кон една одредена асоцијација.
Мијатовиќ му напишала на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски дека е загрижена дека овој закон може да биде злоупотребен и искористен за замолчување на критичките гледишта и за ограничување на слободата на говор. Таа побарала измена на најмалку пет клучни одредби од законот.
