Почина бебето Најден

Објавено на 23 јули, 2013 во 07:31

После долгомесечната битка за живот почина бебето Најден објави Плусинфо.

Информацијата ја потврдила директорката на Детска клиника Аспазија Софијанова. Најден во саботата во три часот ја изгубил битката со животот, како што објасни Софијанова – „почина поради тоа што му попушти срцето“.

Бебето Најден беше пронајдено во месец јануари годинава фрлен во тешка здравствена состојба во двор од скопското село Арачиново, со отсечен јазик.

Здравствениот напредок на Најден беше будно следен од окото на јавноста и медиумите, а за неговата смрт надлежните молчеа три дена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.