Скопје добива „Шатор“ од Архитектите
Објавено на 23 јули, 2013 во 09:56
Скулптурата „Шатор“, подарок од архитектите за градот Скопје, ќе се промовира во четврток на 25 јули, во Градскиот парк. Автори на скулптурата се Сергеј Никољски и Милан Мијалковиќ помогнати од пријатели на архитектите кои го сакаат Скопје.
Локацијата на која ќе се одржи промоцијата е просторот помеѓу „Кермес“ и зоолошката градина. Почетокот е во 19 часот.
