Стигна поддршка за Кежаровски од колегите во Србија

Објавено на 23 јули, 2013 во 13:42

Независното здружение на новинари на Србија ги поддржа барањата на новинарските здруженија во Македонија за новинарот Томислав Кежаровски да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода.

Новинарите од Србија изразија солидарност со новинарот на дневниот весник „Нова Македонија“, кој во понеделникот започна со штрајк со глад во затворот „Скопје“.

Кежаровски од понеделникот штрајкува со глад. Неговото семејство на институциите го понудија нивниот имот како гаранција тој да се брани од слобода но досега не добија одговор.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.