МАНУ реагира на процесот на лустрација
МАНУ одлучно се спротивставува на секој обид на злоупотреба на процесот на лустрација за уривање на институциите на државата, на културните, образовните и други општествени институции и во тој контекст на положбата и улогата на Академијата како највисока научна и уметничка институција од посебен интерес за Република Македонија.
„Академијата смета дека заради доследно спроведување на начелото на владеење на правото како највисок државен интерес, постапката на лустрација треба во целост да биде подредена на правилата и стандардите предвидени со Европската конвенција за човекови права, која е дел од домашниот правен поредок и има супериорно значење во однос на законот“, се вели во соопштението од МАНУ.
МАНУ во септември најавува Собрание на кое ќе расправа за пошироките аспекти и последиците на досегашното спроведување на процесот на лустрација во Република Македонија.
