Давитковски се сретна со Иванов

Објавено на 23 јули, 2013 во 14:54

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими Борче Давитковски, претседател на ад-хок комисијата за расветлување на настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември 2012 година.

На средбата, претседателот Иванов беше информиран за досегашните активности и резултати од работата на Комисијата, како и за разликите во ставовите за одредени прашања меѓу членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Претседателот Иванов беше информиран за оставката на  Давитковски, од должноста претседател на ад-хок комисијата.

Македонскиот претседател констатирајќи ја новонастанатата состојба ја поздрави досегашната работа на Комисијата, која и двете страни ја оценија како добра основа за успешен исход со што би се реализирале обврските од договорот од 1-ви март.

Претседателот Иванов изрази надеж дека Комисијата покрај новонастанатата состојба ќе изнајде начин успешно да ја доврши преземената обврска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.