Промена на матичен лекар преку интернет

Објавено на 24 јули, 2013 во 07:33

Дали навреме е уплатено здравственото осигурување, пријавување и одјавување на осигуреници и промена на матичен лекар ќе може да се прават преку Интернет, преку новиот веб-портал што го отвори Фондот за здравствено осигурување.

На осигурениците кои веќе имаат електронски здравствени картички не им се потребни сините картони. Тие преку веб-порталот ќе можат да проверат дали имаат платено осигурување. Исто така ново избраниот матичен лекар со електронската здравствена картичка ќе може да изврши регистрација на нов пациент и автоматски да изврши одјава на претходниот матичен лекар. За пациентите кои се сеуште без електронска здравствена картичка  промената на матичен лекар ја прави ординацијата на новиот лекар додека пациентот само пополнува ИЛ-образец, кој ќе стои во неговото досиe.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.