Казната за Кежаровски го шокира ЗНМ, а МАН не очекувале топку строга казна
Здружението на новинарите на Македонија е шокирано од одлуката на Основниот суд во Скопје со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор за објавување текст со кој наводно бил откриен идентитетот на заштитен сведок, пишува „Утрински“.
ЗНМ смета дека оваа одлука не го осуди само новинарот Кежаровски, туку е вперена против слободата на изразувањето и слободата на медиуми. Со тоа Македонија стана единствена земја во Југоисточна Европа со осуден новинар поради напишан текст за злоупотреба на институтот „заштитен сведок“.
Тој е убеден сме дека одлуката е во спротивност со судската пракса на Европскиот суд за човекови порава во Стразбур, кое македонското судство е обврзано да го почитуваат затоа што Македонија е потписничка на Европската конвенција.
За Македонската асоцијација на новинари,пресудата за новинарот Томислав Кежаровски е неочекувано строга,особено во споредба со другите изречени казни.
Сторителите на делото и изворот на информациите за заштитениот сведок се безмалку невини во однос на новинарот кој го објавил идентитетот” се вели во реакцијата.
