Какво време ќе имаме викендов?
Времето денеска ќе биде претежно сончево. Попладне во северните, северозападните, западните и југозападните предели ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 6.
Во недела претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во северозападните, западните, југозападните предели, а во вечерните часови и во останатите предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 34°C. УВ индекс 5.
http://weather4all.com.mk/
