Дваесет рудари со признанија
Рударите заслужуваат што подобри услови за работа и повисоки плати, а рударството е гранка која има значаен удел во вкупниот извоз, се согласија денеска министерот за економија Беким Незири и пртседателот на Македонската асоцијација за рударство Николајчо Николов на одбележувањето на 28. Август – Денот на рударите организирано во кругот на компанијата „Ренова“ во тетовското село Џепчиште.
Во рамки на манифестацијата Министерството за економија им доделени традиционалните признанија на 20 најуспешни рудари и претпријатија како уште една потврда на нивнта професионалност и одговорност.
– Во земјава има над 12.500 вработени во овој сектор со над 170 рударски претпријатија и околу 200 капацитети за преработка на минерални суровини. Очекуваме во следиот период со носење на двата закони за геологија и рударство да се разделат овие две блиски, а различни гранки со што уште повеќе ќе се подобрат работите. За развојот на рударството потребен е голем капитал, но и поддршка од сите структури во државата – рече Николов.
Според министерот Незири, Македонија има непроценливо богатство од минерални суровини, а голема важност имаат и рударите што работат во рудниците како бесценет човечки ресурс поради што должност на државата е да им обезбеди што подобри услови за работа.
– Во земјава има и над 150 рудници што активо работат при што дел од нив се за експлоатација на металите олово, цинк, бакар, сревро и злато. Се поголем интерс има за експлоатација на украсните камења како мермерот, гранитот, травентинот и ониксот, а вредни за споменување се минералните термоминералните и термалните води кои се се поатрактивни за инвестирање- рече Незири.
Извор: Плусинфо
