Граѓанските здруженија сметаат дека новиот Закон не спречува семејно насилство

Објавено на 4 септември, 2014 во 14:32

Новиот предлог закон за превенција ,спречување и заштита од семејно насилство има многи недостатоци и е само парче хартија која во пракса нема да има големо влијание тврдат од националната мрежа против семејно насилство, пренесе Телма.

Законот не нуди решенија за проблемите со семејното насилство од ниту еден аспект, не предвидува мерки за зајакнување на институициите за грижа ,подршка и третман  , не ги препознава девојките и жените како посебно ранлива група велат невладиниот сектор .Законот предвидува сторителите на семејното насилство да се острануваат од домот и да платат парични казни до 3 илјади евра ,но ова не го решава проблемот бидејќи лицето може повторно да стори делото сметаат невладините организации.

 

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство прашува зошто ниту една невладина организација не била повикана во изготвување на новиот предлог закон.И покрај барањата за средба со министерот за труд Диме Спасов и претседателката на комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите Лилјана Поповска,не добиле позитивен одговор. Сепак забелешките ги доставиле до надлежните институции,но ниедна од нив не била прифатена.

Последното истражување на невладините покажало дека 37 % од населението во државата било изложено на семејно насилство или во просек секојт трет граѓанин. Во Македонија постојат 4 шелтер центри 1 кризен центар за згрижување на жртвите со семејни проблеми .Според популацијата и европските стандарди во државата треба да има по 20 шелтер и кризни центри велат невладините. Предлог законот за заштита од семејно насилтво се наоѓа во Собраниска процедура и веќе го мина првото читање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.