Временска прогноза
Објавено на 8 септември, 2014 во 07:32
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со повремен дожд и грмежи, особено во крајните западни и источни делови од земјата. Ќе дува слаб североисточен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 25 степени.
