Кери: САД посветени да и помогнат на Македонија

Објавено на 8 септември, 2014 во 14:23

Американскиот државен секретар Џон Кери во име на претседателот Барак Обама и американскиот народ го честиташе Денот на независноста на Република Македонија, јави Гласот на Америка.

Кери наведува дека разновидноста на населението во Македонија е извор на сила што продолжува да нуди идеи и енергија и да ги движи напред и земјата, и регионот.

„САД со гордост ги поддржаа развојот и транзицијата на Македонија последниве 23 години. Остануваме посветени да и` помогнеме на Македонија да го зајакне владеењето на правото, да ја промовора слободата на медиумите и да изгради силна демократска основа за инклузивно, мултиетничко општество“, вели Кери.

Во честитката стои и дека САД го слават сето она што народот во Македонија го остварил од независноста – наваму и дека и понатаму ќе соработуваат за демократска, безбедна и просперитетна иднина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.