„Солидарност“: Невработените наставници да не прифаќаат штрајкбрејкерство
Објавено на 11 септември, 2014 во 10:15
Владата со најновите, експресно изгласани измени на законите што се однесуваат на правото на штрајк во образованието даде најобичен доказ дека работи против работниците на Македонија, реагираат и од левичарското здружение „Солидарност“.
Од таму ги повикуваат работниците од образованието кои се моментално невработени, да не служат како монета за поткусурување на Владата против легитимните барања на синдикатот за образование.
Штрајкбрехерството е појава која е за секаква морална осуда, велат од „Солидарност“.
