Предметот на Тренковски вратен на повторно судење

Објавено на 11 септември, 2014 во 14:10

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Ѓорѓи Тренковски, по трет пат ќе седне на обвинителна клупа откако Апелациониот суд одлучи повторно да му ја укине првостепената пресуда, со која и по втор пат беше ослободен од вина, и реши да го врати предметот на повторно одлучување.

Тренковски, беше притворен во ноември 2009 година, поради обвинение за двојно плаќање на фактури. Судскиот процес почна во декември 2010 година, а во 2012 година доби ослободителна пресуда.

Заедно со Тренковски, со обвинението беше опфатена и тогашната директорка на „Градски аптеки“, Весна Огненовска, поради сомнение за финансиски малверзации тешки 450 илјади евра со двојно плаќање лекови.

Тренковски тогаш тврдеше дека тој како директор немал контакти со должничко- доверителски односи со ниту една аптека. Според него, тоа било во надлежност на подрачната единица на Фондот за здравство.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.