До вторник поројни дождови!
Објавено на 12 септември, 2014 во 13:54
УХМР најавува врнежливо време се до вторник. Според прогнозата на синоптичарите нестабилното време ќе донесе поројни дождови кои наместа ќе бидат и до 50 л/м2.
Во недела и во понеделник локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен.
Врнежите ќе започнат од утре попладне најпрво од западните делови, а во вечерните часови врнежи ќе има низ целата земја.
