Какво време ќе имаме викендов?

Објавено на 13 септември, 2014 во 06:27

Денеска  претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во попладневните часови наоблачување кое ќе услови врнежи од дожд и грмотевици.

Врнежи од дожд ќе има во цела земја. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 30°C.

 

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Понекаде ќе има интензивни поројни врнежи и до 50 л/м3. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.